Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Кејт Мидлтон го прекрши кралското правило и сервира наутички „изглед“ во кој главната улога ја имаат шорцевите во кои речиси никогаш не се гледа…

Војвотката Кејт Мидлтон во неделата отпатува во поморскиот град Плимут, каде што се одржува меѓународниот натпревар во едрење наречен „Гран при на едрење на Велика Британија“. Идната кралица му се придружи на тимот на Велика Британија во дербито против Нов Зеланд, а со својот стајлинг се вклопи во темата на настанот и – го прекрши кралското правило покажувајќи ги тренираните нозе во шорцеви…

Модните парчиња кои на очигледен начин го откриваат телото не се во согласност со кралските правила на облекување, па 40-годишната војвотка Кејт Мидлтон вообичаено ваквата облека ја резервира за приватни моменти, но овој пат таа го изрази својот бунт и се прошета во „забрането“ парче.

За едриличарскиот турнир „SailGP“, Кејт Мидлтон носеше кратки панталони – и тоа само трет пат јавно во последните десет години. Станува збор за модел во бела боја со потпис на луксузниот бренд Holland Cooper, кој се продава по цена од 200 фунти.

Ги комбинирала со шик џемпер од кашмир со морнарски пруги од Ердем. Овие парчиња првично ги носеа француски морнари, а во 1960-тите ги усвоија стилските икони како Брижит Бардо и Џејн Биркин.

Овој наутички ’изглед’ војвотката го заокружи со пар бели патики со потпис на брендот Superga и кружни златни обетки.

Пред тоа, таа беше фотографирана во шорцеви како војвотката од Кембриџ само двапати – во 2019 година на хуманитарната регата на Купот на кралот што се одржа во англискиот град Каус и на овогодинешната кралска турнеја на Карибите.

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement