Кејти Холмс беше гостинка на презентацијата на виното од Санта Маргерита Розе што се одржа во Градското собрание на Њујорк. Виното беше послужено со лесна вечера, а ентериерот беше украсен со розови, црвени и бели цветови кои создадоа идиличен пролетен амбиент.

А како создадени за пролет се чевлите кои Кејти Холмс ги избра за настанот. Актерката носеше салони со подебели црно-бели риги кои одлично отстапуваат од класичните црни салони, а сепак одговараат на се.

Кејти носеше штикли „зебра“ со црни прави панталони и црн предимензиониран блејзер под кој носеше обична бела маичка. Актерката додаде шик детаљ во форма на мала тркалезна обетка во носот на стајлингот кој зрачи со лежерна елеганција.
