Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Кетрин Мидлтон: Излегување во чизми на кои војвотката им е верна 17 години

Војвотката и војводата од Кембриџ отпатуваа во округот Дурам на северот на Англија. Тие посетија една од локалните фарми и таму разговарале со земјоделците за да откријат како влијае пандемијата врз нивниот бизнис.

Потоа ја обиколиле целата фарма, погледнале како изгледа начинот за грижа на животните, испробале разни алатки за обработка на земја, па дури и мало управување на трактор.

Со оглед на тоа што оваа кралска обврска им налагаше да останат на отворено и да се дружат со животните, војвотката, како што се очекуваше, носеше многу лежерна комбинација соодветна на ситуацијата.

Таа комбинирала темни фармерки со џемпер Fair Isle под кој носела бела кошула. Спортската јакна на данскиот бренд Seeland е ново парче во нејзината гардероба, а од обувките ги одбрала своите (пра)стари и омилени.

Познавачите на стилот на војвотката многу добро знаат дека таа одамна е верна на чизмите на дизајнерката Пенелопе Чилверс, кои ги има во својата гардероба од 2004 година. Секој модел на овие кожни чизми е направен рачно, а според дизајнерот тие стануваат поубави со возраста.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement