Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Кетрин Зета-Џонс: Со црн Фустан проба да го надмине култното издание на Анџелина Џоли

Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас имаа чест да ја доделат една од најпрестижните награди на 78-от Златен глобус – онаа за најдобар драмски филм. Наградата на крајот ја доби филмот „Nomadland“ на Клои Жао со Френсис Мекдорманд во главната улога.

Сосема неочекувано, убавата 51-годишна Велшанка го фрли во позадина својот 76-годишен сопруг Мајкл.

Кетрин блесна во долг црн фустан на модната куќа Dolce & Gabbana со многу висок шлиц.

Многумина, во тој момент, ги потсети на изданието Анџелина Џоли на Оскарите во 2012 година. Анџелина на таа награда носеше навидум многу едноставен црн фустан од кадифе од модната куќа Versace, но главен адут на фустанот беше високиот шлиц и нејзината нога, кои веднаш станаа вирален хит.

Имав и многу покомплициран фустан, но се одлучив за поудобен. Тоа беше вистинскиот фустан. Мислам дека подобро се чувствував во него, опишала Анџелина во една прилика за својот славен фустан.

Фустанот што го носела Кетрин се чинеше дека се обидува да и конкурира на Анџелина, но според мислењето на коментаторите од социјалните мрежи, ништо не можеше да го надмине тоа легендарно издание.

„Убава, но сепак само копија од фустанот на Анџелина“, е еден од коментарите на Инстаграм.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement