Актерката Кети Холмс деновиве започна со работа на својот нов проект. Таа ќе глуми во филмската адаптација на книгата „The Watergate Girl: My Fight For Truth and Justice Against A Criminal President“ напишана од поранешната обвинителка на Вотергејт, Жил-Вајн Бенкс. Кети, исто така, ќе го продуцира филмот.
Оваа приказна ме привлече бидејќи и денес е актуелна како порано. Жените постојано се обидуваат да се борат за себе во деловно опкружување на мажите, а оваа жена лично помогнала да се реши Вотергејт судењето. Силните женски протагонисти секогаш ме инспирираат и тоа е свет што секогаш ќе го истражувам, додаде актерката.
Првите филмски сцени на Кејти се во Њујорк и деновиве таа често може да се види на улиците на „Големото Јаболко“.
Во исто време, нејзините комбинации на облека се лежерни како и секогаш, а ги изненади коментаторите на социјалните мрежи со последната.
Иако температурите беа очигледно доволно високи и доволно удобни за да носат кратки панталони, Кејти на нозе имаше чизми од брендот Ugg.
Нивните топли модели чиј ентериер е обложен со вистинска волна им е омилен на многумина во студените месеци кога навистина ги загреваат нозете, но ретко која дама би ги носела во потоплиот дел од годината, особено во комбинација со шорцеви.
Се чини дека Кети може да ги носи за време на студено и топло време, и се чувствува прилично пријатно во нив, без оглед на температурата.


