Беспрекорните модни комбинации се нејзин заштитен знак.
Кон крајот на септември годинава започна снимањето на втората сезона на „И баш така“, односно продолжението на серијата „Сексот и градот“. Кери Бредшо, која ја игра Сара Џесика Паркер, е позната како најдобро облечениот лик во серијата, а фановите возбудено чекаа да ги видат новите комбинации.
За Кери Бредшо, беспрекорните модни комбинации не се ништо ново, напротив, тие се нејзин заштитен знак.
Актерката за вчерашното снимање носеше идеална есенска комбинација која многу жени ширум светот ќе ја посакаат за себе. Имено, таа облече лелеава шарена тоалета над која носеше карирано тробојно палто.

Таа носеше сини чизми кои се прицврстуваат по должината на ногата, а малата виолетова „Dior“ чанта го комплетираше целиот стајлинг.

Од модни додатоци избра шешир кој одлично се вклопува со целата есенска комбинација и очила за сонце, а од накит стави и многу ефектно ланче.

