Зошто воопшто да се мачите да носите облека кога чантата неизбежно ќе го украде вниманието?
Супермоделот Кендал Џенер позираше гола во новата рекламна кампања на Jacquemus, а првата фотографија беше објавена на Инстаграм профилот на модната марка.
.jpg)
Кендал, која минатата сезона шеташе по пистата Jacquemus, се соблече и позираче потполно гола држејќи се за зелено јаже со розова чанта Jacquemus која висеше преку рамото и стратешки ги покриваше нејзините гради.
Новата фотографија навестува започнување на кампањата Ла Монтањ. Фокусот е на правоаголна велур торба со златен ланец. На рекламната фотографија, Кендал носи црвени чорапи до колена, розови влечки и големи обетки.
Минатиот месец, 25-годишниата манeкенка се појави на модната ревија Jacquemus, враќајќи се на писта за прв пат од почетокот на пандемијата со Ковид-19.
