Хари Стајлс, срцекршачот и икона на родово неутралната мода, во инаку ужасни широки исечени тексас шорцеви со тесни чорапи и мокасини и розова маица, кружи околу камчињата во градината во Лос Анџелес и изгледа фантастично додека разговара за уметноста со – ни помалку ни повеќе – култниот италијански уметнички критичар и теоретичар Ахил Бонито Олива.
Опишаната сцена е дел од краток филм, претставен на тековниот онлајн фестивал на Гучи, во режија на познатиот режисер Гас ван Сант во соработка со креативниот директор на Гучи, Алесандро Микеле.

Теоретичарот Ахил Бонито Олива заклучува во филмот дека „Живееме во напнати времиња, полни со конфликти и конфронтации, но и разлики што успеваат да коегзистираат. (…) Модата го облекува човештвото, а уметноста го изложува. А, музиката е масажа за атрофираните мускули на колективната свест “. Хари внимателно го слуша и ги споделува неговите визии за уметност и творештво. Ова не е прв пат Хари да се обиде да глуми и се чини дека работи на филмска кариера паралелно со музиката, а улогата на модна икона веќе ја призна не само Гучи, туку и американскиот Вог, со што Хари Стајлс стана првиот маж што се појавува независно без други жени на насловната страница на новиот број на списанието Вог.
