Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Како се прави иконската чанта Dior Book Tote (Видео)

Луксузната чанта беше претставена за време на модната ревија Cruise 2021…

Во јули минатата година, Марија Грација Кири ја претстави својата колекција Cruise 2021 за Dior, со изобилство на имагинативни чанти и додатоци. За да го прославиме овој неверојатен опсег, луксузната куќа сега нè запозна со тоа како всушност се произведува универзално саканата чанта Book Tote.

Инспирирана од патувањето во Аргентина, креаторката дизајнирала кожна чанта со интересно изработени детали на целата нејзина површина. Главната техника што се користи за нејзино производство, всушност, е создадена под влијание на техниката за разубавување на седла, користејќи исечени цртежи. Низ часови ласерско сечење и рачна обработка, кожниот модел станува прекрасен благодарение на цветните детали што додаваат уникатен ефект. Материјалот потоа доби специјални слоеви темно кафеава патина, а процесот е комплетиран со тродимензионални мотиви од роза, кои оживуваат во последната фаза.

Сите детали можете да ги видите на видеото подолу, и да знаете дека прекрасната рачно изработена торба може да се купи во бутиците Dior, со цена од 6.700 долари.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement