Џемперот во риги со право се смета за класична гардероба – и во дует со монохроматски панталони, лесно станува униформа за секој ден.
Да бидеме искрени: џемпер во риги во комбинација со црни панталони тешко може да се нарече најмодерна комбинација на сезоната. Сепак, инфлуненсерите се сигурни: соединувањето на „наутички“ џемпер и основните панталони може да изгледаа ултра стилски. Главната работа е во вешта комбинација.
.jpg)
.jpg)
Покрај „брзите“ трендови, трендсетерките на социјалните мрежи не забораваат и на класиците, па оваа сезона ги комбинираат омилените џемпери во риги со еднобојни панталони во сите варијанти, обрнувајќи внимание на слоевита облека, со бели кошули кои ноншалантно излегуваат подолу . Овој изглед можете да го комплетирате со тренди чанта и очила за сонце.
.jpg)
.jpg)
Инаку, џемперот не ве обврзува да го носите за наменетата цел – секогаш постои можност да го користите како удобен шал. Значи, наједноставната еко-кожена кошула ќе блесне на нов начин – останува да го зачините изгледот со трендовски чизми.
.jpg)
Секако, ваквите едноставни комплети секогаш можат да бидат „комплицирани“ со додатоци – на пример, додадете свилена шамија, нагласен ремен или дури и лесни чорапи на вашиот изглед.
