Се чини како животинскиот образец да е секогаш In. Една сезона тоа се панталони, други марами и аксесоари, трети костуми за капење… но, без оглед како го спроведувате во вашата гардероба, животинскиот принт е секогаш силна изјава во модата. Оваа година насекаде можеме да видиме чевли, чизми до глужд и чизми со животински принт, а чизмите на потпетици се похрабра верзија на класични чизми.

И додека сестрите Ноулс, Бијонсе и Соланж ги носат на настапи, но и приватно, во уличен стил видовме мноштво различни комбинации што нѐ инспирираа.
Во комбинација со сатенски фустани, фармерки или мини здолништа, без разлика дали станува збор за целосен изглед или „кршење“ монохроматика, на секоја аутфит ќе му го даде тој дополнителен „pizzazz“.
