Ги обожавате лесните, свилени летни фустани на прерамки, но за жал немавте доволно можности да блеснете во нив ова лето? Иако видовме еден вид заживување на деведесеттите години со комбинации на маици и фустани на прерамки на улиците во последните неколку сезони, овој докажан метод на слоевито облекување нема да ве загрее премногу, затоа ви донесуваме неколку идеи како да ја продолжите сезоната и да ги носите до зима или дури до следното лето.
- Со патики и дуксери

Иако веројатно сте ги купиле за да го откриете вашиот летен тен и да заблескате на подиумот на летна забава, оваа лежерна варијанта ќе ви го подигне расположението дури и во есенските денови.
- Со чизми и плетени џемпери

Лесен летен фустан за разлика од високите чизми и големиот плетен е врвниот шик!
- На кожни или тексас јакни

Дали воопшто треба да се нагласи дека тексас и кожни јакни одат на апсолутно сите облеки и ги прават веднаш спремни за ладно време?
- Во тотално монохроматски изглед со палта или мантили

Летен фустан ќе изгледа уште поспецијално ако го комбинирате во монохроматска облека со мантил или палто.
