Кога гламурот ќе исчезне
Неделава во Њујорк се одржа 16-тото доделување на наградите „Златно срце“ кое е поддржано од хуманитарната организација „God’s Love We Delive“. Бела Хадид беше меѓу многуте познати дами од светот на забавата и модната индустрија.

Познатата 26-годишна манекенка буквално блесна од глава до пети во прекрасно модно издание. Таа за оваа пригода носеше златен фустан од американскиот дизајнер Michaela Kors од неговата колекција за пролет/лето 2023 година.

Имено, неколку пати досега оваа титула и ја доделувале пластичните хирурзи кои откриле дека има совршени пропорции на лицето.
Меѓутоа, често сме убедени дека таканареченото совршенство на познатите дами е всушност само илузија создадена со помош на врвни шминкери, фризери и стилисти.
Благодарение на нивните услуги, познатите дами пристигнуваат на различни настани во беспрекорно издание, но кога потоа ќе ја соблечат шминката и облеката, тие се всушност само жени од крв и месо кои како и сите други имаат некои несовршености.

Сите ние би можеле да изгледаме како диви со тим како на Бела, а тоа најдобро го докажуваат фотографиите направени ден по доделувањето на наградата.

Тогаш манекенката прошета низ Њујорк во сосема поинакво издание – без шминка, без фризура, без гламурозен фустан.
