Неодамна некои од најубавите жени во Холивуд се собраа на модните награди во Лос Анџелес, но ѕвезда на вечерта беше Меган Фокс, без конкуренција!
Актерката се прошета на црвениот тепих во многу едноставна, но ефикасна и предизвикувачка комбинација, покажувајќи дека помалку е понекогаш повеќе и дека ставот и сексапилот можат да ги заменат прескапите ткаенини.Атрактивната бринета, која негува прилично секси имиџ откако е во врска со музичарот Машин Ган Кели, се појави во фустан од LaQuan Smith од претстојната колекција за есен/зима 2022 година.

Овој краток фустан во сиво-беж боја од фина, тенка трикотажа со корсет во горниот дел ја истакна неверојатната фигура на славната 35-годишна девојка, а внимание привлече и тоа што Меган не носеше градник!
Изданието го заокружила со сатенски сандали во бронзена боја со вртоглаво високи потпетици од најмалку 15 сантиметри, но и впечатливи, висечки обетки. Она што особено не воодушеви беше фантастичната шминка со кармин со месо боја во главната улога, како и атрактивната фризура – долга, лелеава коса свиткана во морските бранови.

