Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Инспириран од дизајнот на Вирџил Абло, комплет чорапи Луј Витон од 2.550 долари пристигнуваaт навреме за празниците

Постои ли нешто како премногу чорапи? Сигурно не!

Ако ги сакате чорапите, тогаш најдобрите штотуку пристигнаа, а тајмингот не може да биде подобар! Со оглед на тоа што надвор е постудено, а нашите стапала ладни, новогодишните и божиќните празници се практично зад аголот, брендот Луј Витон реши да ни понуди екстравагантни чорапи во форма на сет Луј Витон „LV Archives“.

Овие чорапи се совршен новогодишен подарок. Кутија од плексиглас со монограм содржи шест пара чорапи. Нема два слични дизајни, а секој од нив се однесува на теми од првите колекции на неодамна починатиот дизајнер Вирџил Абло.

Модерните и шарени чисти памучни чорапи доаѓаат со различни принтови како облаци и огледала, во еднобојна варијанта со LV иницијали на нив, додека палетата вклучува атрактивен цветен пар со LV иницијали и ткаени потписи на „Jacquard Louis Vuitton Paris Shows“. Достапни се во две големини и се направени од 100% памук.

„Louis Vuitton Archives Socks Set“ сега е достапен за купување во светските бутици и на веб-страницата на брендот за 2.550 долари.

Додека купувате елегантни и удобни LV чорапи, зошто да не отидете чекор понатаму и да ги споите со првите одржливи вегански патики на Луј Витон направени од пченка?

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement