Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Иконата на американскиот стил Зендаја не можеше да одолее на комбинацијата на црн фустан и тренди чизми,издвоивме слични парчиња…

“Bodycon” фустаните кои ја слават женската фигура и зрачат со ретро естетика, триумфално се вратија оваа година, а се чини дека нивната популарност продолжува да расте. На овој жежок тренд не можеше да одолее ниту популарната актерка, пејачка и икона на стилот Зендаја Колман, која се поклони пред непогрешливиот модел во црно. Ѕвездата од серијата ‘Euphoria’ го искомбинира со борбени чизми со дебели џонови, кои ќе бидат еден од омилените модели оваа есен. Доколку ви се допадна нејзиниот изглед, погледнете подолу за слични парчиња по значително пониски цени кои лесно можете да ги копирате со…

Популарната актерка и пејачка, 26-годишната Зендаја Колман, минатиот септември беше крунисана за стилска икона, а на прв поглед е јасно зошто!Таа вешто раководи со гламурозните изданија, а не помалку стилски се и лежерните комбинации во кои преовладуваат основните облеки на вечната класика во комбинација со жешките тренди парчиња. Во морето од фантастични изданија, особено ни се допадна последното во кое таа беше видена на улиците на Велика Јабука, а направено за есенските денови кои претстојат.

Холивудската миленичка зачекори во црн „bodycon“ фустан со шлиц, потпишан од американскиот бренд Рик Овенс, зад истоимениот дизајнер.

Фустаните „Bodycon“ кои ги слават женските облини се дополнителна потврда за враќањето на трендовите од крајот на деведесеттите и почетокот на милениумот, а овие ласкави модели неодамна се забележани кај манекенката Кендал Џенер.

Ако ги прашаме трендсетерките каква модна комбинација ветува оваа есен, тогаш тоа секако е – фустан и чизми. Ниту талентираната актерка не одолеа на оваа комбинација, па своето едноставно издание го зачини со модел на високи црни борбени чизми со потпис на Рик Овенс, чија цена е 2.230 долари.

Стајлингот го заокружи со класичен модел на очила за сонце од брендот Tommy Hilfiger.Доколку ви се допадна аутфитот на американската актерка и би сакале сами да го прошетате, најдовме слични парчиња по ниски цени со кои лесно можете да ги „позајмите“:

ZARA
BERSHKA
H&M

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement