Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

За блескав, младешки тен: Ова се најпосакуваните нијанси на коса за сите русокоси

Платинести и ладни тонови за русокоси ќе бидат тотално надвор од фокусот оваа сезона, па ако барате освежителна боја, ќе се носат само топли златни нијанси.

По владеењето на студените и платинските тонови кога златните или светлите бакарни рефлексии во косата не беа воопшто пожелни, а потоа непривлечното „жолто“ беше неутрализирано со виолетови или сребрени шампони, сега сè се смени во корист на рефлексиите на сонцето.

Да, добро прочитавте, пепелтави нијанси кои имаат сивкав сјај или ладни тонови на руса коса веќе не се во тренд, а најчесто ќе се среќаваме со дами на градските улици во месеците пред нас кои гордо носат нешто сосема друго: топло златно – жолти нијанси и трендовска боја на жито.

Топлите тонови, посочуваат фризерите, му даваат на тенот добредојдена свежина и го прават сјаен и младешки. Сепак, колку е посветол тонот на кожата, толку повеќе треба да го потенцирате тонот на бакарот.

Во секој случај, не заборавајте редовно да ја негувате косата бидејќи бланшираната коса е склона кон кршење и сушење.

Ако сте горди на вашата руса коса и сакате да ја освежите оваа пролет, еве неколку убави нијанси за љубителите на топлите тонови на руса коса:

1. Медено руса

2. „Јагода“ руса (руса со розови тонови на јагоди)

3. Боја на карамела

4. Бакарно руса

5. Златни нишки

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement