Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Зачекорете во новата година опремени со тренди облека и додатоци: Модни прогнози за 2021

Да ви кажеше некој во ова време минатата година дека ќе ја дочекате Новата година во пижами и дека поголемиот дел од работниот ден ќе го поминете на лаптоп на каучот, сигурно ќе ја тресевте главата сомнително.

Но, „новата нормалност“ полета и сите се обидуваат да се прилагодат на постојната ситуација најдобро што можат. Модата сепак бара креативност, затоа се занимаваме со предвидувања што ќе се носи во годините што следат.

Хобо чанти од деведесеттите години

Хобо торбата, што во превод значи „торба за скитници“, станува повторно популарна и се очекува нејзино големо враќање во текот на годината што претстои. Станува збор за торби кои имаат видлив патент во средината, и не се цврсти, па изгледаат како вреќа што виси. Предноста е во тоа што тие се практични, па затоа содржи сè што ви треба – од средства за дезинфекција, преку шминка, до резервни чорапи.

Плетена облека од глава до пети

Горниот и долниот дел од истата плетена облека до неодамна беше незамислив, а сега тоа покажува дека ги следите трендовите. Без разлика дали станува збор за здолниште или широки панталони, важно е да се чувствувате пријатно, но истовремено и елегантно. Скршете ја монотонијата со интересни детали како метален појас или голем брош.

...

Пуф-елеци за секоја пригода

Еве уште еден тренд создаден за живеење дома. Можете да ги носите преку маица, и тоа е одличен додаток на парче кога треба да излезете надвор да го шетате кучето.

...

Украсот ја чува главата

Едвај чекаме да дојде времето кога омилените прстени повторно ќе доминираат во стајлингот, но засега омилени украси се оние за главата и вратот – масивни ѓердани, екстравагантни шноли, панделки и обесени обетки, дури и ремени за на рамо. Значи, во основа сè што зазема централно место додека разговарате преку Skype, Zoom или Facetime.

Дискретен шарм на кожата

После неколку месеци криење на телото под слоевите облека, се чини оправдано ако сакаме да покажеме малку (но не премногу) кожа. Стандардно, отворен грб или деколте што може да се види – од боди, до плетени фустани, ова ќе биде разигран начин да додадете зимски шмек на вашата зимска гардероба.

...

И панталони и здолниште

Панталоните добиваат волумен и полека се претвораат во здолништа со нозе. Тие се лежерни и можат да се носат во секоја пригода. Поврзете ги со џемпер чиј раб ќе го пикнете во струкот, а кога ќе дојдат потоплите денови, одличен пар ќе биде стара памучна маица.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement