Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Заводливи шлицови и светки: Кејт Хадсон ги засени сите на црвениот тепих во овој фустан…

Прво во Лондон, а сега во Мадрид пристигна екипата на филмот „Стаклен кромид: Ножеви надвор од мистерија“, предводена од Даниел Крег, а на црвениот тепих и овојпат најголемо внимание имаше ѕвездата на романтичните комедии, актерката Кејт Хадсон. .
Како дел од промоцијата на продолжението на популарниот мистеричен филм од 2019 година, Кејт Хадсон тесно соработува со стилистката Софи Лопез за да создаде незаборавни модни изданија.За шпанската премиера на филмот, која наскоро ќе пристигне на Нетфликс, Лопез создаде гламурозно издание со Хадсон во знакот на многу блескав сјај со омбре ефект.

Станува збор за фустан со потпис на Tom Ford, а слични верзии претстави и во колекцијата за новата сезона пролет/лето.

Детал од светки, покрај долниот дел, ја красеше лентата на вратот што го држеше горниот дел од фустанот создаден од ткаенина со боја на јоргован.

Заводливите шлицови на фустанот на Tom Ford ја направија 43-годишната актерка вистинска ѕвезда на црвениот тепих, а својот гламурозен впечаток го засили со златен накит.

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement