Прославената дизајнерка Викторија Бекам и нејзиниот сопруг и поранешен фудбалер Дејвид Бекам деновиве престојуваат во Венеција, каде дизајнерката се појави во практично и тренди издание.
Модната дизајнерка Викторија и поранешниот фудбалер Дејвид Бекам во понеделникот прославија 23 години брак, а двајцата јавно си ја честитаа годишнината.
– Велат дека не е смешен, велат дека никогаш не се насмевнувам, ни рекоа дека нема да трае – напиша Викторија на Инстаграм со фотографија која позира со сопругот. – Денеска славиме 23 години брак. Дејвид, ти си моето сè, те сакам многу.
Спортистот, пак, сподели видео од емисијата „Ali G Show“ во која на почетокот на љубовта гостуваа неговата сопруга и тој. Саша Барон Коен го прашал Дејвид дали е фан на групата „Спајс грлс“ во која била дел и Викторија, на што тој одговорил дека не е, но е нејзин обожавател.
Пред 23 години Пош стана госпоѓа Бекам, но таа секогаш ќе биде Пош. Среќна годишнина, леле, 23 години и четири прекрасни деца. Те сакам, те сакаме – рекол во описот на видеото.
Како што објавија медиумите, Бекамови ја прославиле својата годишнина со романтична вечера во Париз, по што заминале во Италија во друштво на родителите на Викторија.
Локалните папараци ги забележале Дејвид и Викторија со нејзината мајка и татко додека уживале во шармот на Венеција, каде Бекамови веднаш тргнале на романтично возење со гондола.
Со оглед на тропските горештини во Европа, Викторија за оваа пригода избра фустан од својата модна куќа, модел од колекцијата за пролет и лето 2022 година. Ова парче е совршено за најтоплите денови бидејќи е изработено од памук што го прави многу удобно и практично.



