Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Женствени и удобни: Фустаните кои ги обожаваше принцезата Дајана повторно се голем хит

Благодарение на серијата „The Crown“, но и на најавениот филм „Спенсер“ со Кристен Стјуарт како обожаваната принцеза Дајана, нејзиниот ненаметлив, но елегантен стил е повторно во фокусот на љубителите на модата ширум светот.

Принцезата од Велс е безвременска модна инспирација, а сè што носеше ги инспирира модните ентузијасти и денес.

Мајката на принцовите Вилијам и Хари, чиј живот трагично заврши во Париз во 1997 година, честопати го кршеше строгиот кодекс на облекување на британскиот двор со своите фантастични модни комбинации, а некои од нејзините модни изданија се навистина антологиски.

Princeza Diana
Princeza Diana
Princeza Diana

Уште сега, модните експерти предвидуваат дека ова лето ќе се носат романтични фустани со голи рамена, што потсетува на неодоливиот вкрстен фустан на прошетка на плажа, но и нетипични венчаници …

Тие ја истакнуваат линијата на телото, а сигурно ќе бидат во нежни бои како розова, светло сина, тиркизна, лаванда …

Ова се фустани кои беа голем хит во 70-тите. На премиерата на „The Four Feathers“, актерката Џејн Симур блесна во прекрасен бел фустан од шифон, потпишан од дизајнерското дуо Дејвид и Елизабет Емануел.

Таа ја продолжи својата долгогодишна соработка со куќата на Емануел Дајана, па своите креации ги носеше за време на нејзиното прво официјално појавување со принцот Чарлс, а на денот на венчавката беше во венчаница со нивниот потпис.

H&M

Слична креација носеше и екстравагантната Бјанка Џегер, а секако, принцезата Дијана ги направи легендарни фустаните од тој стил.

Токму трендовите што ќе владеат оваа пролет и лето, се инспирирани од ваквите дизајни на фустани со надувани ракави и голи раменици, кои се совршени за свадба на плажа.

Mango

Пожелно е тие да се изработени од ткаенини кои дишат како што се лен, памук, свила …

Овие женски модели изгледаат како туники, но се подолги, а поради лелеавоста и удобниот крој, гарантираат високо ниво на удобност и совршено се комбинираат со рамни обувки како што се влечки или сандали со ремчиња.

Self Portrait
Sleeper

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement