Анџелина Џоли со својата ќерка Захара направи празничен шопинг во Лос Анџелес. Познатата мама и нејзината ќерка не останаа незабележани од фотографот, а своето шопинг задоволство го направиле во трговскиот центар The Grove лоциран на авенијата Ферфакс.
Голема обожавателка на пристојни и минималистички комбинации на облека, Анџелина Џоли уште еднаш го покажа својот препознатлив моден стил. Избра класично црно палто, обични црни панталони и елегантни високи црни чизми со удобен рамен ѓон.
Кожните чизми до колена изгледаат навистина темни и може да се каже дека се скоро совршени ако немаат една мана – на жените со посилни листови на нозете им е потешко да најдат доволно широки чизми, затоа што, повеќето модели работат за потесни листови.
Анџелина Џоли на својата облека и додаде мала чанта украсена со златна буква V, логото на модната куќа Valentino и двобоен шал со точки, кое го користела како маска на устата и носот, за да оди на шопинг за Божиќ.