Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Есенски комбинации за романтичари со став!

Идеални парчиња за беспрекорни есенски аутфити може да се најдат во новата колекција на Replay: женските памучни кошули од најмодерните кроеви се нов изглед на модните класици и одлично се комбинираат со boyfriend фармерки или широки панталони од вештачка кожа во пригушени есенски тонови, а модните детали како жолтата чанта внесуваат спокојство во секоја комбинација. За мажи се наменети удобни, но модерни маици и кошули од органски памук, џемпери и фармерки.

Секоја комбинација ќе биде комплетна со чевли од кои ќе биде навистина тешко да се избере само едни – за обични прилики бели патики со дискретни, но интригирачки бели нитни, опасно модерни чизми до глужд со шема на змија се идеални за шетање во природа и слушање на шушкањето на лисјата под нозете, додека за современите девојки, везени детали на парче е нешто што нема да остане незабележано во ниту една комбинација. За романтични излегувања, мажите можат да изберат елегантни црни кожни чизми до глужд или да го изразат својот индивидуален моден израз на некои од голем избор на патики, од класично бело за градски прошетки, до поспортски варијанти за активно дружење.

Прегратките ќе бидат подолги и помеки во удобни јакни и палта. За неа има карирано палто, вистински хит на сезоната, а за него избор на еколошки топли јакни и парка јакни во неутрални бои што се носат за поспортски и поелегантни комбинации.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement