Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Емили Ратајковски повторно предизвика воздишки во секси издание и потврди дека каубојските чизми се уште се ‘ин’, најдовме 7 модели за преодниот рок…

Манекенката Емили Ратајковски ретко греши со својот моден избор, па дури и малку необични и неочекувани комбинации ѝ успеваат. Американската убавица беше уловена од папараците додека се шеташе во Њујорк, а како и секогаш вниманието го привлече нејзиниот стајлинг. Згодната бринета скокна во мини летен фустан кој стана нејзино изразно парче, а го спои со омилениот пар чевли – каубојските чизми, кои би можеле да станат „it“ парче за преодниот рок…

Емили Ратајковски (31) – годишна манекенка, е мамка за воздишки каде и да се појави, па ваква секси манекенка не би можела да остане незабележана за време на прошетката во Големото јаболко.

Згодната манекенка во текот на летните месеци избира секси изданија кои ја истакнуваат нејзината фигура, па не е чудно што овој пат посегна по проѕирен фустан кој повеќе открива отколку што прикрива, а е украсен со неодолив дезен на пејсли.

Станува збор за модел со потпис на брендот miaou .

Изгледот го комплетираше со ретро вибрација со минијатурна црна чанта која доаѓа со потписот на италијанскиот моден гигант MIU MIU.

Американската убавица својот стајлинг го заокружи со омилениот пар обувки – каубојските чизми. Конкретно, таа се одлучи за машки модел со потпис на брендот Sonora, а со ова издание потврди дека високите градски температури не се причина да се избегне оваа смела обувка, која се наметна како сè попосакувано парче во текот на есента и зимски месеци.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement