Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Емили Ратајковски го „претвори“ џемперот во предимензиониран фустан и потврди дека сè уште не им завршил трендот на каубојските чизми! издвоивме 5 модели…

Познатата манекенка Емили Ратајковски потврди дека каубојските чизми уште се во тренд.Додека шеташе низ улиците на Њујорк во издание во кое открива витки нозе, потврди и дека култните „каубојки“ се уште се многу актуелно парче обувка.

Емили Ратајковски, 30-годишната манекенка, е мамка за воздишки каде и да се појави, па сексапилната манекенка не можела да остане незабележана додека шетала низ Њујорк со својот едногодишен син Силвестер.

Згодната манекенка се одлучи за комбинација на жолт џемпер „преголема големина“, кој го носеше како краток фустан, а се работи за модел на брендот Бланка.

Поентата на овој лежерен и секси стајлинг секако се каубојските чизми кои се наметнаа во едно од најпосакуваните парчиња сезонава, а Емили Ратајковски потврди дека можат да се носат и во пролетните месеци! Убавата манекенка се одлучи за модел со потпис на нејзиниот омилен хај стрит бренд – ZARA.

Ѕирнавме во колекциите на нашите омилени улични брендови и најдовме 5 модели на каубојки кои со задоволство ќе ги носиме во потоплите денови:

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement