Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Експертите советуваат: Како на вашата гардероба да и дадете луксузен печат

FOR EDITORIAL USE ONLY. Street style. Spring/Summer 2022. Jade Nguyen, Street Style during Paris Fashion Week Spring/Summer 2022,Image: 637590250, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Claire Guillon / Camerapress / Profimedia

3 применливи принципи кои ги користат модните експерти за да постигнат луксузен изглед на облека од високи стрит брендови.

Една од стилските лекции што секогаш ја предлагаме е купување парчиња облека кои ќе бидат издржливи и ќе траат долго.

Сепак, паметното купување не мора да значи дека гардеробата мора да биде со висока цена.

Иако „high-street“ брендовите немаат завидна репутација, тие сепак се дестинација каде често можеме да најдеме облека вредна за купување.

Имено, со неколку совети кои можете да ги прочитате подолу, можете да најдете и облека благодарение на која вашите комбинации секогаш ќе оставаат впечаток на луксузна гардероба.

Облеката мора да ви стои совршено
„Ако некоја облека не одговара на моето тело како што јас би сакала, тогаш таа облека ја носам кај мојот локален кројач – тоа е клучот“, вели инфлуенсерката Маријана Смит. „Сакам да носам палта и џемпери еден број поголем“, додава таа.

Неутрални и едноставни бои
„Мојот прв совет би бил да барате неутрални бои или барем едноставни бои бидејќи тоа ја прави вашата облека да изгледа шик, а добрата страна е што можете да ја носите почесто отколку облека со принт“, истакнува француската блогерка Аида Баџи Сане… „Бонус совет? Одлучете се за врвни ткаенини како памук и волна“, заклучува таа.

Имајте добра основа
„Кога се чувствувате добро во некоја облека, тогаш таа гардероба ќе изгледа добро. Секогаш е мудро да имате неколку омилени кроеви за кои знаете дека позитивно влијаат на вашата самодоверба, а потоа таа основа да ја надградите со други парчиња“, вели Јатри Параби.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement