Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Ексклузивната колекција на „DOLCE & GABBANA MYTHERES“ е совршена за гламурозен летен одмор

По шести пат, италијанската модна куќа Dolce & Gabbana и онлајн продавачот на луксузни производи Mytheresa се здружуваат за да создадат ексклузивна колекција, инспирирана од луксузот и слободниот дух на летото!

Инспирирана од медитеранските градини исполнети со бујни лимони, колекцијата од 72 парчиња содржи безвременски силуети на Dolce & Gabbana, како што се фустани во А крој, блузи со каранфили, шорцеви со висок струк и шармантни костими за капење во живописни, светли бои и принтови. Покрај шарените готови парчиња, колекцијата вклучува и соодветни модни додатоци и избрани „mini-me“ стилови за елегантни мајки и ќерки.

За Тифани Хсу, потпретседател за женска и детска облека во Mytheresa, ексклузивната колекција е за правење летна гардероба од соништата. „Dolce & Gabbana е еден од нашите најголеми бренд партнери, така што секогаш се трудиме да работиме со нивниот тим што е можно почесто. Фокусот на оваа колекција е летото во луксузен стил, па затоа избравме парчиња за летните одмори, одржувајќи ја италијанската ДНК на својот врв. Колекцијата е гламурозна, забавна и секси и носи допир на Сицилија во Мајами“, забележува Хсу.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement