Без оглед дали купувате во најновата колекција на дизајнерски бутици или на распродажба на high-street брендовите, можно е секое парче облека да изгледа луксузно ако ги следите овие неколку совети:
1. Неутралните бои може да се носат во повеќе комбинации и ќе изгледаат скапо во сите варијанти. Помислете на бојата на камила, песок, бела, темносина и црна боја, која секогаш можете да ја освежите со детали како златен накит или црвен кармин.
2. Модните познавачи предлагаат да се земе поголем број при купување палто. Ќе биде поудобно, особено ако носите подебели плетки под него, а моментално „oversized“ е крајно тренди.
3. Идентификувајте кои парчиња добро ви одговараат. Сите имаме омилена кошула, фустан или панталони во кои редовно добиваме комплименти. Ако панталоните со рамна кројка повеќе ви прилегаат, побарајте ги во следната распродажба за шопинг, без оглед што налагаат моменталните трендови.
4. Обрнете внимание и на материјалите – природните материјали како волна или памук се одличен избор, но исто така е важно да се одржуваат соодветно за да не се изгуби бојата, обликот или мекоста.
