Практиката на модната куќа „Versace“ во неделата на Оскарите сега ја повтори и француски „Chanel“ и се упати во Лос Анџелес за да ја претстави новата крстаречка колекција пред јавноста. Како и секогаш, многу познати дами не сакаа да го пропуштат холивудското шоу, но меѓу најзабележителните гости беше убавата Маргот Роби – жена која три пати беше прогласувана за најубава на светот.
Иако оваа година најпознатата плус-сајз манекенка Ешли Греам ја понесе ласкавата титула, која предизвика спротивставени коментари на социјалните мрежи, многумина истакнуваат дека Марго сепак важи за најубава и најзгодна. Таа никогаш нема да има конкуренција, дури и ако така велат корисниците на социјалните мрежи и обожавателите на актерката. Таа за оваа пригода облече заводливо издание инспирирано од стилот на седумдесетите.
Таа носеше горен дел од костим за капење и проѕирен елек кој го спои со тренди светли тексас ѕвонарки. Лесна шминка и брановидна коса одлично се вклопуваат во модната комбинација, истакнуваат модните експерти. „Нема поубава жена“, „Толку природно и нормално“, „Марго е актерка без конкуренција“, „Убава е“, се само дел од коментарите кои кружат…

“Сакам храна, вино и добро време со пријателите. Исто така, не ми се допаѓа чувството да знам дека не изгледам најдобро. Добрата исхрана и тренинзите мора да бидат на прво место во мојот живот за да се чувствувам добро.” еднаш рече актерката, додавајќи дека сака да игра тенис, да трча и да оди да танцува.
Да потсетиме, Марго покрај титулата најубава жена на светот ја носи и титулата најплатена холивудска ѕвезда. Сè се случило кога се појавиле информации за хонорарот што го добила за филмот „Барби“, кој се базирал на истоимената кукла. Таа доби неверојатни 12,5 милиони американски долари!
