Ева Лонгорија пристигна во Италија за да учествува на меѓународниот филмски фестивал во Таормина. Фестивалот, кој се одржува во живописното сицилијанско гратче, беше отворен на 26 јуни и ќе трае до 2 јули.Ева дојде на фестивалот да го претстави филмот „Tell It Like A Woman“ во кој глумат Марсија Геј Харден, Леонор Варела, Џенифер Хадсон, Кара Делевињ и многу други актерки.Актерката блесна во вечерниот тоалет на италијанската дизајнерка Алберта Ферети.

Таа избра малку ризичен модел составен од тесен долен дел со директен крој и проѕирен горен дел изработен од тул и украсен со монистра.Токму горниот дел од фустанот е ризичен бидејќи мозаикот од монистра стратешки ги покрива градите.

Иако славните дами секогаш го обезбедуваат своето деколте со самолепливи ремени кога ги носат овие модели на фустани, ремените никогаш не се гаранција дека фустанот ќе остане на своето место и затоа е неопходно да се носи со мала доза на претпазливост за да се избегне непријатност.

Ева позирајќи пред фотограф на црвениот тепих неколку пати го поправала горниот дел од фустанот и како вистински професионалец се фотографирала без модни несреќи.
Овој модел на фустан е всушност идеален за жените кои имаат помали гради. Поголемите деколтеа потешко се контролираат и затоа слични модели на фустани можеби изгледаат малку незгодно, па дури и невкусно на поголемите гради, но затоа изгледаат фантастично на помалите.

