Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Ева Лонгорија: Костим за капење кој би им се допаднал на жените кои сакаат едноделни костими…

Актерката Ева Лонгорија Бастон за својот летен одмор го избра познатото шпанско одморалиште Марбела, а во морските радости таму ужива со својот четиригодишен син Сантијаго. Мама и нејзиното малечко беа забележани како се забавуваат на песочната плажа, а белиот костим за капење на Ева го привлече вниманието на љубителите на модата.

На плажата во Марбела, Шпанија, Ева Лонгорија Бастон носеше едноделен костим за капење од модниот бренд Myra Swim.

Познати фанови на брендот, кој е специјализиран за дизајнирање костими за капење, облека за плажа и рекреација, ги вклучуваат Џенифер Лопез, Каја Гербер, Рита Ора, Кајли Џенер, Криси Тајген и Емили Ратајковски. Myra Swim ги освои со своите минималистички, монохроматски модели кои лесно се комбинираат еден со друг.

Изборот на Ева беше едноделен модел на костими за капење наречен The Davis, кој покрај белата доаѓа и во неколку други неутрални бои. Дизајнот на костимот за капење го истакнува патентот на предната страна, кој му дава спортски шмек, и подлабоките шлицови од страните, како и гаќичките со висок пресек, додека горниот дел е затворен до вратот.Ева Лонгорија Бастон го комплетираше својот стајлинг на плажа со класична федора шапка со широк обод во бела боја со црна лента, црни очила за сонце и неколку парчиња недооценено накит, а носеше едноставни апостолки во голи нијанси.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement