Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Ева Лонгорија: Изненадувачки детал поради што нозете на латино убавицата беа во преден план

Ева Лонгорија обожава да експериментира со модата, и привлекува внимание на црвениот тепих во класични фустани, но и во лежерни комбинации.

Фоторепортерите ја снимиле во подоцнежно издание на улиците на Лос Анџелес, а тоа изненади многумина. Најголемата љубителка на штикли не само што ги замени своите високи потпетици со чизми до глужд, со рамен ѓон, туку ги спои со сини чорапи украсени со фигурата на нејзиниот син.

Откако Ева Лонгорија стана мајка на Сантијаго Енрике во 2018 година, таа ретко се разделува од него – дури го носи со себе на сетови холивудски серии и филмови во кои глуми, односно кои ги режира или продуцира. Но, кога е разделена од Сантијаго, таа сака да има барем малку потсетување за него со себе.

Гордата мама спои чизми до глужд и персонализирани чорапи со црни хеланки кои ја истакнуваа нејзината фит фигура и преголема маица. Изданието го заврши со кафеава чанта Хермес, очила за сонце, но и заштитна маска за лице без која е забрането шетање по улиците на Лос Анџелес, но и на остатокот од светот.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement