Лонгорија мами воздишки во секој фустан на Викторија Бекам, но овој привлече посебно внимание.
За време на посетата на детскиот дом во Марбела, „Куќата на ангелите“, Ева Лонгорија носеше фустан дизајниран од нејзината најдобра пријателка Викторија Бекам.
Ѕвездата на „Очајни домаќинки“ се занимава со хуманитарна работа и е долгогодишен член на фондацијата „Глобал Гифт“ која се грижи за децата и жените ширум светот. Таа ја користи секоја добра прилика да донесе дел од прекрасните модели на нејзиниот омилен дизајнер и голем пријател, познатата Spice Girl.
Во оваа прилика, Ева шармантно прошета во лимон-жолт долг фустан со суптилни врвки, но многу предизвикувачки поради длабокиот отворен грб.

Очигледно, Ева и верува на својата пријателка Викторија Бекам кога станува збор за фустаните во кои се појавува на вакви настани, бидејќи секој во кој била досега се издвојувала и целосно го истакнувала само најдоброто на фигурата на оваа занесна бринета.

Со интензивната и доминантна боја на овој заводлив фустан, Ева го истакна својот совршен тен и очите со суптилна шминка и нежно розов кармин, со малку розево руменило.

