Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Дуа Липа и Донатела Версаче создаваат заедничка колекција …

Од „it“ девојка и пејачка кој владее со музичките топ листи до модна дизајнерка – Дуа Липа се снаоѓа во сите улоги.На неодамна одржаната Мет Гала, како водителка на еден голем моден настан, таа носеше винтиџ фустан на Chanel од 1992 година, но Дуа Липа во душата е Versace девојка. Љубовта меѓу неа и Донатела Версаче е актуелна веќе неколку години, па Дуа стана заштитно лице на секси креациите на италијанската куќа. Сега од пријателството и добрата соработка се роди нова, веруваме, плодна соработка. Имено, Дуа Липа и познатата дизајнерка подготвуваат заедничка колекција.

Комбинацијата на енергијата и младешкиот ентузијазам на Дуа и искуството на Донатела и знаењето за потребите на жените ќе резултира со многу добра колекција – барем така се надеваме. Тие ја најавија колекцијата „La Vacanza“ која ќе излезе по моделот „види сега, купи сега“, а лансирањето е закажано за 23 мај, во Кан. Она што колекцијата ќе се обиде да го „долови“ и пренесе преку модните парчиња е неоптовареното чувство на летото на Versace начин.

“Отсекогаш сум била дополнително инспирирана од процесот на дизајнирање што го носат соработките. Работата со Дуа на оваа соработка беше многу возбудлива и ми се допаѓа динамиката меѓу нас. Дуа е силна, бестрашна, слободна, со неверојатна креативна визија.А летото е волшебно време.Ќе бележиме чувство и бои од тој период од годината и подготвуваме специјална, интимна ревија во Кан“, изјави легендарната дизајнерка.

„Создадовме силна врска и јас сум благодарна за поддршката што Донатела и нејзиниот тим ми ја дадоа во изминатите години од самиот почеток на мојата кариера колекцијата – за мене е како сон“, додаде Дуа Липа. Поп-ѕвездата и Versace успешно соработуваат веќе неколку години – Дуа Липа се појави на ревијата на Versace во две модни креации, а веќе безброј пати се појави во креациите на италијанскиот креатор и во кампањи, што ја прави оваа соработка значaјна,иако ваквите соработки во последниве години не беа толку вообичаени во модната индустрија – почесто сме виделе спојување на два големи модни бренда. Можеби со овој потег Дуа и Донатела ќе започнат нов бран на соработка меѓу дизајнерите и познатите личности.

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement