Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Долго очекуваната втора соработка на Бијонсе и спортскиот бренд Адидас

Најновата и веќе барана колекција на познатата пејачка и бренд што важи за икона кога станува збор за спортска мода, е на пат кон вас.

Пред неколку дена, на официјалниот канал Ајви Парк сподели фотографии на социјалните мрежи на кои Бијонсе ја претставува најновата колекција на традиционален начин уникатен за неа. Се подразбира дека на нив изгледа неверојатно, и дека серијата фотографии изгледа многу интересно. Одржувајќи траги од шминка на лицето во минимална неутрална боја, а косата пуштена и лелеава, Бијонсе претстави нов дизајн на панталони, велосипедистички хеланки, дресови, тренерки, боди и дури структурирани блејзери.

Пејачката го спои спортскиот изглед со различни варијации на брендирани патики Адидас, вклучувајќи ги и нејзините кожени чевли на платформа „Суперстар“ и претстојната верзија на „Ултрабуст“ во неонска варијанта. Беј носеше и пар проѕирни ПВЦ чевли кои не се дел од колекцијата, но ја надополнија на софистициран начин.

Dugo očekivana druga kolekcija Beyonce i sportskog brenda Adidas
Dugo očekivana druga kolekcija Beyonce i sportskog brenda Adidas

Првата колекција, која дебитираше во јануари, содржеше претежно монохроматска тема со темно кафеава нијанса на црвена крв или канелена боја (костен), додека со втората колекција пред неа, Бијонсе нуди приказ на живописни бои како што се неонска жолта, смарагдно зелена и сина нане. Бијонсе исто така сподели со своите следбеници на својот профил на Инстаграм навестување за изгледот на претстојната колекција. Покрај Беј, во кадарот се гледаат статуи од слонова коска, кои придонесуваат за зачудувачки впечаток.

Dugo očekivana druga kolekcija Beyonce i sportskog brenda Adidas

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement