Стандардите за убавина не се како што беа порано. Светски познатите супермодели како Кејт Мос и Ноами Кембел, кои беа идеали за убавина во 90-тите, денес се сметаат за икони, но тие повеќе не се „стандардот“ што жените сакаат да го достигнат во 21-от век. Светот на модата и убавината стана поприфатлив затоа што луѓето го бараа тоа. Голема улога во тоа играат и социјалните мрежи, преку кои се менуваат идеалите за убавина.
Модната индустрија секој ден станува полиберално место, кое почнува да ги отвора вратите за скоро сите. Инклузивноста во мода е нешто кон што денес се стремат многу брендови, а можеме да кажеме дека целиот бран започна пред скоро десет години кога на сцената се појави ријалити sвездата Ким Кардашијан и ги нормализираше облините. Заедно со неа, поборниците за инклузивност вклучуваат плус сајз модели како Ешли Греам, Искра Лоренс и Палома Елсесер. Ешли Греам е првиот плус сајз модел кој ја красеше насловната страна на магазинот Вог во 2017 година, а денес е плус сајз моделот Палома Елесер која е заштитно лице на насловната страница на магазинот Вог за февруари 2021 година. Денес, можеме да видиме сами колку брендови вклучуваат плус големина во нивните колекции. Светот на модата полека се менува, станувајќи поинклузивен. Почнува да изгледа како луѓето што ги среќаваме секој ден на улица, престанува да биде идила до која е невозможно да се стигне.
Инфлуенсерите на Инстаграм, а пред се пријателките, @mariacastellanos_ri и @denisemmercedes започнаа # stylenotsize чија цел е да се прикажат истите комбинации на различни структури на телото. Марија и Дениз се со различни физички градби, едната носи број 34, додека другата т носи број 44, единствено што носат е исти аутфити. Целото движење започна во 2019 година за да покаже дека истата комбинација може да изгледа одлично, без оглед на големината.
