Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

„Да живеат патиките“ – Брижит Макрон во издание што го крши кодексот на облекување за работа

Брижит Макрон допатувала до францускиот град Ангулем за да учествува на 14-тиот Фестивал на француски и франкофонски филм. Годинешното издание на фестивалот, започнато од Мари-Франс Бриер и Доминик Беснехард, е посветено на алжирската кинематографија.

Француската прва дама цел ден се дружела со организаторите, гледала неколку филмови, а потоа учествувала на тркалезна маса.

На фестивалот дошла во нејзината стандардна аутфит комбинација за вакви пригоди. Тесните „skinny“ фармерки ги комбинирала со бела кошула, сако и чанта во иста боја. Кога станува збор за обувки, одбрала класична салонка.

Меѓутоа, откако направила брзо позирање пред собраните фоторепортери и неколкуте дадени интервјуа со новинарите, таа сепак ги променила чевлите за да го помине остатокот од денот во нешто поудобно.

Нејзината промена секако била забележлива, во бели патики на модната куќа Louis Vuitton, кои веќе ги носела во неколку наврати. Можеби за некои оваа промена би била премногу случајна со оглед на нејзината функција и прилика, но Брижит уште еднаш ни покажа дека има простор за патики и во деловната мода.

На некои работни места, постојат строги правила за облекување кои не дозволуваат носење секојдневна облека и обувки. Затоа многу компании воведоа „casualy Friday“, опуштен петок, еден ден во неделата кога можете да дојдете на работа поопуштено облечени.

Ова издание на француската прва дама покажува како комбинацијата на фармерки и патики може да функционира одлично во деловни прилики, а старите правила за деловна облека можеби сепак треба да се преиспитаат.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement