Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

ДАЛИ ОВА e НАЈПРЕДИЗВИКУВАЧКИОТ ФУСТАН: Само таа може да носи вакво нешто на себе и да изгледа НЕВЕРОЈАТНО…

Кајли Џенер (25) деновиве е во Париз и ревносно ја следи Модната недела, но модните трендови ги диктира само она.

Кајли Џенер на модната недела во Париз се појави облечена во најпровокативниот фустан на сите времиња.

Нејзините неверојатни облини беа обвиткани во проѕирен фустан со бела тантела под кој стратешки беше поставена огнена црвена ткаенина за да го замати погледот на нејзините гради, како и нејзините бутови.

Кајли носеше и проѕирни сандали со висока потпетица кои одлично го придружуваа овој занесен фустан, додека носеше чанта во иста црвена боја како и фустанот.

Во Париз, Кајли дојде со пријатели и деловни соработници за да ја промовира својата козметика и да биде во центарот на модната сцена. Таа овој пат со себе не ја донесе ќерката Сторми која често и прави друштво. Девојчето и нејзиниот помал брат останале дома со бебиситерки.

Интересен е фактот што Кајли сè уште не избрала име за својот седуммесечен син, кого првично го нарекла Волф.

“Тој се уште нема име. На неговиот пасош пишува Волф, но ние не го нарекуваме така”, открила старлетата.

Инаку, фановите на кланот Кардашијан шпекулираа дека момчето сега се вика „Снежни“, бидејќи во една емисија ќерката на Клои Кардашијан го нарече својот нов брат „Сноуи“ веројатно затоа што го помешала со друго бебе во семејството, синот на нејзината тетка Кајли.

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement