Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Гучи и Адидас претставуваат ексклузивна нова колекција

Комбинирајќи го нивното наследство и креативните кодови, Адидас и Гучи ги здружуваат силите и претставуваат нова ексклузивна колекција.

Потврдувајќи ја веста, Адидас во соопштението додаде: „Gucci и Аdidas Originals потврдуваат дека ги здружуваат силите во нова соработка – Аdidas x Gucci – која ги комбинира наследството и креативните кодови на двата бренда“.

Слична изјава споделена на социјалната мрежа Инстаграм даде и брендот Гучи: „Ви претставуваме #АdidasxGucci. Познатите силуети ги исполнуваат комбинираните креативни кодови на @adidasoriginals и брендот Gucci, создавајќи нешто сосема ново „додека се истакнува со ново заедничко лого“.

Објавата претставува крем јакна со двојно копче и џеб на градите со натпис во сина боја. Беа претставени и црни ракавици со бело лого и познатите пруги на Адидас исто така во бела боја, како и пар мокасини со потпетици со златно лого на Гучи на левата нога и златен натпис на Адидас на десната страна.

Други парчиња од соработката неодамна беа претставени на ревијата на Гучи есен/зима 2022 претставена во Милано. Заедно со кожни ракавици, плетена спортска капа, костуми по мерка и многу повеќе, колекцијата Аdidas x Gucci сигурно ќе вреди да се чека!

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement