Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Гучи заведува во својата нова кампања Арија

Куќата на Гучи ја претстави својата најнова кампања за својата прва колекција во стогодишнината на Гучи, каде за фотографијаата беа задолжени и Мерт Алас и Маркус Пигот, а режискиот креативец беше Алесандро Микеле.

Врз основа на грчката митологија, кампањата го доловува револуционерниот и радосен поттик на Ерос, името на грчкиот Бог на Љубовта и термин што означува сензуална или страсна љубов. Кампањата е возбудлив празник за очите и сетилата.

Подвлекувајќи ја естетиката што ги поврзува умот и телото, моделите читаат дела или есеи за страста, како што се „Симулакра и симулација“ од Baн Бодријар, „Уметничкото дело во ерата на неговата техничка репродуктивност“ од Волтер Бенџамин, „Тела што се важни“ од Џудит Батлер, „Три придонеси за теоријата на сексот“ од Зигмунд Фројд и „Сексистенција“ од Жан-Лук Ненси. „Самото знаење станува предмет на страст … Така, книгите на Фројд, Ненси и Батлер го опишуваат универзумот на страста и уште повеќе, тие самите стануваат предмети за привлекување. Како последица на тоа, зборовите се преобразуваат во љубовна лексика.

Покрај актерската екипа, лично избрана од Алесандро Микеле, креативниот директор, исто така, направи избор на специјални гости да учествуваат во кампањата: италијанскиот бенд „Мултикин“ со мулти-платина и американската манекенка Кристен Мек Менами.

Покрај еротските слики на кампањата, видеото Арија дополнително ги развива коментарите на брендот за сексуалниот апетит и фетишизмот за луксуз. Фокусиран на „Онтологијата на желбата“, која е поделена на пет дела; андрогија, ерос, тело, облека и филозофија, видеото раскажува различни области на посветеност и страст, навлегувајќи во сложени теми околу идентитетот и еротските копнежи.

Погледнете ја Новата кампања Арија подолу:

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement