Тој е посебен, различен и секогаш присутен, особено оваа модна сезона кога ја зазеде водечката позиција на листата трендови. Тоа е – рокерскиот стил. Ако ги прашате неговите обожаватели, тој никогаш не излегол од мода. Најчесто го поврзуваа со мажи и бунтовници, но веќе некое време е омилен стил и кај женската популација.
Кога ќе го споменеме рокерскиот стил, она што нè асоцира на тоа се црната боја и нитните, без разлика дали се на чевли или облека, многу накит, детали од кожа и мрежа.Овој стил е особено нагласен со специфични и импресивни обувки што го красат и го прават препознатлив. Рокерските чизми се издвојуваат и оваа сезона, ни доаѓаат во различни варијанти и секој може да најде совршен пар за себе.
Модни комбинации за различни вкусови

Рок-стилот може да се носи во дневни варијанти, како и во поформални вечерни прилики. Неговата темна боја е многу лесна за комбинацијата, а особено црната, која одговара на сè. Секој од нас дома има сигурно некои кожни панталони или неизбежен мал црн фустан – омилен кај жените, па дури и туника што може да се користи во која било комбинација, без разлика дали станува збор за опуштена варијанта, поелегантна или урбана.
За дневна комбинација, доколку одлучите да додадете посветла нијанса, можете да носите бела широка маица, црни панталони, кожна јакна и необичен ѓердан, додека за вечерно излегување или дејт секогаш можете да изберете црни панталони, убава тесна маичка и кожна јакна и секако накит, кој ќе го зачини сето тоа и ќе додаде дополнителна елеганција.
Must-have рокерски стил

Секоја жена, без оглед дали ја следи модата или не, секогаш сака да има добри чевли кои ќе ги комбинира со секоја комбинација на облека. Познато е дека волшебната Сенорита диктира трендови, а оваа есен заедно со Дејхман лансираше нова колекција на трендовски чизми #SenoritaxDeichmann, а во рамките на неа посебно внимание привлекуваат модели од категоријата Rocker Boots, на што не е лесно да се одолее.
Во новата колекција има различни модели за сечиј вкус, кои го нагласуваат рок-стилот во одредена доза, без разлика дали сакате строг „груб изглед“ или неговата помека варијанта.
За младите урбани девојки има чизми со гломазен ѓон што придонесува за изгледот, како оној од рок сцената, а за сите оние кои сè уште претпочитаат повеќе женствени парчиња и комбинации, има чизми украсени со разни детали кои им овозможуваат симпатичен женски дизајн, како навртки, врвки, интересни копчиња или sequins.

Овие необични и привлечни чизми може да се носат скоро секогаш, во опуштена дневна верзија, во деловна верзија и навечер, во зависност од тоа со која гардероба ќе ги облечете. Едно е сигурно, чизмите во рокерски стил ќе направат секоја комбинација да предизвика wow ефект, а со тоа, каде и да одите, ќе оставите моден впечаток. Покрај моделот со ребрест, силен ѓон, може да се одлучите и за сè попопуларната блок потпетица во овој стил.
