Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Глумицата Шарлот Рамплинг е ѕвезда на на морничавиот краток филм за модната куќа Saint Laurent

Колекцијата „I Wish You Were Here“ на брендот Saint Laurent за пролет / лето 2021 година претстави малку порелаксирани креации: проѕирни туники со шарени дезени обложени со пердуви и велосипедски хеланки претставени на модна ревија во пустина што сугерира пространство, бегство во природа, здив на слобода и забавување, опуштен ритам. Или така мислевме.

Новиот краток филм во режија на Гаспар Ное носи сосема поинаква визија за истата колекција во која ѕвездата е познатата актерка и поранешна муза на самиот Ив Сен Лоран – Шарлот Рамплинг.

Во првите кадри на краткиот трилер, моделот во комбинација од последната колекција врескаше низ шумата, бегајќи од невидливиот непријател. Алегорија на сите нас во 2020 година? Таа пристигнува во величествена и полутемна зграда каде Шарлот се подготвува во соблекувалната со интензивен црвен ентериер и морничава атмосфера што предизвикува т.н. „giallo filmove“. Во следните минути, снимки од Рамплинг и модели се менуваат, движејќи се низ златно-црвените кадифени ентериери додека не седнат (држејќи социјална дистанца) во театарскиот аудиториум. За сето тоа време, препознатливите feel-good тактови на „I Feel Love“ на Дона Самер, обработена од SebastiAn, создаваат ефект на прогонување во комбинација со застрашувачката атмосфера на филмот и поттикнуваат чувство на исчекување. Дали последниот удар е навестување на оптимизам што го сакаме во 2021 година?

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement