Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Гламурознo издание,Кејт Хадсон и Голди Хоун! Мајка и ќерка го освоија црвениот тепих со елегантни изданија (ФОТО)…

Актерката Кејт Хадсон и нејзината мајка и холивудската ѕвезда Голди Хоун се истакнаа синоќа на премиерата на најновиот филм на Кејт „Glass onion: A Knives out Mystery“ во Лос Анџелес.Мајката Голди Хоун и ќерката Кејт Хадсон ги засенија сите присутни и допридонесоа за позитивната атмосфера бидејќи не ја тргнаа насмевката од нивните лица.

За оваа посебна пригода и двете избраа впечатливи креации, па едноставно не се знае која беше поубава.

Актерката Голди Хон ги воодушеви сите присутни со црн комплет со раскошни сиви детали на наметка и металик чевли. Гламурозен и недооценено, а сепак впечатливо благодарение на сивите орнаменти.

Ѕвезда на вечерта секако беше Кејт Хадсон, која се истакна во раскошниот фустан со долги широки ракави со светкави детали, а може да се каже дека блескаше со полн сјај. Тоа е, инаку, креација на Ели Саба од couture колекцијата за есен 2022 година.

Главниот додаток на двете дами беше нивната прекрасна насмевка која ја донесоа на црвениот тепих.

Да потсетиме, актерката Голди Хоун ја доби ќерката Кејт со поранешниот сопруг Бил Хадсон, со кој го има и синот Оливер, додека синот Вајат од бракот со Курт Расел.

Прочитај

новости и трендови

Нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија Ги повикуваме сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при...

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Advertisement