Синоќа во Њујорк се одржа 16-тото доделување на наградите „Златно срце“, а многу познати фаци не сакаа да ја пропуштат можноста да блеснат на црвениот тепих. Главна ѕвезда на вечерта несомнено беше американската манекенка Бела Хадид, која на галата пристигна во придружба на нејзината мајка, Јоланда Хадид, поранешна манекенка и телевизиско лице. Познатата бринета, која редовно ги освојува улиците на Големото јаболко со стилски улични изданија, овој пат блесна во никогаш попрефинета креација во која го отелотвори позлатениот холивудски гламур…
Бела Хадид, 26-годишна манекенка, се најде на листата на гости на 16-тото доделување на наградите Golden Heart.Познатата убавица привлекува внимание каде и да се појави, а истото беше случај и на гламурозната вечера што се одржа синоќа во Њујорк.

Иако е поддржувач на винтиџ и ретки креации од крајот на деведесеттите и почетокот на милениумот, помладата сестра на супермоделот Џиџи Хадид овој пат облече фустан со малку понов датум.

Нејзиниот избор падна на префинет златен фустан со долги ракави, кој се стега на половината.
Дизајнот на оваа гламурозна креација го потпишува американскиот бренд Michael Kors ,а претставена е во претстојната колекција пролет/лето 2023 година.
Изданието кoe комбинира ретро гламур и современ дизајн,Хадид го комплетираше со златни сандали со врвки со висока потпетица.
Рафинираниот изглед го заокружи со златни висечки обетки, неутрална шминка, а косата ја врза во елегантна залижана пунџа.
