Белата облека бара посебна грижа за да се задржи белината што е можно подолго и да изгледа како нова. Клучниот чекор во ова, се разбира, е правилното миење со вистинскиот детергент, но што ако вашите бели алишта веќе добиле сивкав тон? Има спас и за тоа, а решението лежи во една од двете намирници што веројатно веќе ги имате во кујната. Дознајте подолу кој е докажаниот добар и ефикасен трик за да го вратите стариот сјај на белата облека.
Белата долна облека со текот на времето ја губи својата оригинална белина и добива сивкав тон, без разлика дали ќе ја исперете неколку пати со потемна облека или едноставно ја носите многу.

Иако се чини како проблем што е невозможно да се реши, вистината е всушност спротивна, и се крие во вашата – кујна. За да и дадете на белата облека изглед како штотуку да била купена, посегнете по сода бикарбона или сок од лимон, пишува Clean Wikipedia.
Ќе ви требаат: бел детергент за перење алишта, сода бикарбона или сок од лимон.
Постапка:
Ако користите сода бикарбона, додадете една чаша до четири литри топла вода. Освен што ја враќа белината на облеката, сода бикарбоната ќе ги отстрани и непријатните мириси. Алиштата најдобро се оставаат во добиениот раствор преку ноќ, а потоа се мијат на вообичаен начин во машината за перење.

Ако се одлучите за сок од лимон, треба да зготвите два исечени лимони во тенџере со вода. Откако ќе зоврие, натопете ги алиштата што сакате да ги избелите во растворот и оставете ги да киснат околу еден час. Потоа исперете ги алиштата на програмата за бели алишта.
