Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Во свет на опседнатост со младоста, оваа 50+ инфлуенсерка освојува со нејзиниот фантастичен стил

Пилар де Арсе, креативна Шпањолка од Валенсија, несомнено е една од најпопуларните модни блогери на Инстаграм во категоријата педесет плус со растечка армија на лојални обожаватели.

Светот на модни инфлуенсери веќе не е резервиран само за младите фешнистки.

Има се повеќе возрасни блогери кои му пркосат на светот опседнат со младоста со одлични модни комбинации, а меѓу нив секако е и Пилар де Арс.

Секогаш брилијантно облечена, со нејзината сонародничка и модна икона Кармен Гимено, таа е добро познато име за сите љубители на модата затоа што комбинира некомпатибилни и создава генијални стајлинзи без грешка и со фантастичен моден инстинкт.

Пилар, мајка на две деца, родена во Сан Себастијан, внимава на деталите и составува тимови што би сакале самите да ги носиме.

Таа го отвори својот профил на Инстаграм наречен @codigopilar уште во 2015 година и оттогаш собира лојални следбеници – денес има околу 185.000 следбеници.

Таа не е опседната со скапи облеки и честопати надополнува стајлинзи и парчиња од сите достапни продавници како што се Зара, Манго, Стадивариус …

Дипломирана на историја на уметност и средновековна историја, таа се истакнува во лудо добар стил, а како што истакна во едно интервју, врз нејзиниот став кон модата, убавината и воопшто начинот на живот влијаела нејзината мајка, која секогаш велела: „Кога жената ќе стане постара, таа полека станува невидлива“.

Пилар воопшто не се согласува со тоа, а тоа го докажува со инспирирани модни комбинации и сака да носи тренди парчиња: кожни панталони, макси здолништа, патики, мокасини, вртоглави потпетици…

Таа никогаш слепо не ги следи трендовите, туку ги прилагодува на нејзиниот моден стил, па затоа не е изненадувачки што е меѓу најпопуларните блогери во категоријата # StyleOver50.

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement