Жена со непогрешливо чувство за мода.
Жената со необична убавина, раскошна коса и неверојатна интелигенција и образование, Амал Клуни, се појави синоќа во шпанската престолнина во комбинација единствена за неа – женска елеганција и ексцентрични бои.
Фаталната адвокатка ги „сврте главите“на сите присутни гости кога на сцената излезе во тесен комбинезон во боја на сенф,како да е скроен за неа.

Со оваа комбинација таа носеше вртоглаво високи потпетици, а како аксесоари имаше едноставна нараквица и обетки.
Она што беше забележливо е новата боја на коса. Имено, Амал „извади“ лесни прамени на нејзината црна, бујна коса, со што необичната боја на нејзиниот аутфит уште повеќе се истакна.

Она што можеме да го заклучиме е дека Амал е дама која знае како да ги покаже своите атрибути и притоа да одржува елегантен допир. Не знаеме дали сама ги избира комбинациите или има стилист, но во секој случај ние ги поздравуваме овие избори.
