Шоуто беше внимателно следено од чамец во романтична атмосфера.
Викторија Бекам и Дејвид Бекам во градот на љубовта и светлината изгледаа позаљубени од било кога.
Модната дизајнерка и пензионираниот фудбалер се појавија во Франција на ревијата на брендот „Jacquemis“ во Версај. Парот пловел покрај езерото со чамец од кој имаа најидеален поглед на ревијата.

Нивното возење со чамец се претвори во мини-романтичен состанок, цело време се држеа за рака додека разменуваа слатки насмевки.
Поранешната спајсица носеше бледо розев асиметричен фустан и големи очила за сонце, додека спортистот носеше ленени панталони во беж боја, блејзер и атлетска маица. И како и многу мажи ова лето, Дејвид класичните чевли ги замени со сандали, додека Викторија, сосема спротивно, носеше долги чизми.

Викторија му даде футуристички пресврт на овој проѕирен миди фустан, комбинирајќи го со очила за сонце слични на визир. Изработен од мешавина на проѕирен тул и цврст памук, фустанот на Викторија е совршен избор сега кога температурите растат. Уште подобро,бледо розевата боја ја обезбедува нејзината бескрајна разновидност на абење и вклопување. Исто така, ова е фустан од нејзината нова колекција, па уште еднаш докажа зошто сама си е најдобрата реклама.
Очилата за сонце беа нејзиниот препознатлив стил со текот на годините, а овој избор на очила речиси го зафати половина од нејзиното лице. Таа исто така се одлучи за една од клач чантите на нејзиниот бренд со златни детали за да го комплетира изгледот.
