Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Викторија Бекам: Непогрешлив фустан во кој жените секогаш изгледаат сексапилно и женствено…

Викторија Бекам е најдобрата реклама за нејзиниот моден бренд. Сака да ги испроба своите дизајнерски креации на социјалните мрежи и на тој начин најавува нови колекции.

Знаете дека обожавам мал црн фустан, напиша Викторија Бекам на својот Инстаграм покрај видеото во кое позира во брилијантно скроено парче облека кое ги истакнува женствените адути.

Британската дизајнерка носи мал црн фустан од нејзината колекција Pre-Fall за 2022 година, кој се карактеризира со длабока доза на женственост и сексапил. Станува збор за миди фустан без ракави изработен од компактна вискоза ткаенина.

Плетениот горен дел се прилепува за телото како и друга кожа, додека асиметричната јака нуди можност за носење на моделот на различни начини. Долниот дел од фустанот, пак, е проширен и заоблен, создавајќи исклучително сензуална силуета.

Мал црн фустан се наоѓа во повеќето женски гардероби. Во зависност од тоа како е комбинирано може да се носи и за дневни вечерни прилики.

Малиот црн фустан Викторија Бекам го спои со класично парче обувка – елегантни црни салонки, а за дополнително да ја нагласи убавината на добро скроеното парче облека, ја крена косата во висока пунџа. Таа го заокружи стајлингот со неколку пристојни нараквици.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement