Нов есенски џемпер кој ќе ја подигне секоја комбинација.
Овој октомври, модната инспирација е насекаде околу нас, а влијателите од Инстаграм ни помогнаа да забележиме едно парче облека што речиси остана под радарот.
Имено, како и секоја есен, секогаш сме среќни кога температурата паѓа онолку колку што е потребно за нашите омилени џемпери да бидат sвезди на дневните, а понекогаш и вечерни тоалети.
Оваа сезона, краткиот џемпер од мека тока е во понудата во сите „high-street“ брендови и тоа во голем избор на бои.
Без разлика дали преферирате минималистички стил и се одлучувате за едноставен бел модел, или сакате да внесете живост во вашата гардероба со избирање светла нијанса, нема да направите грешка со купување на овој тренди џемпер.
IT кардигот на сезоната најдобро ќе се истакне облечен во миди фустан или поврзан со кожени панталони, а за дополнителна инспирација при креирање комбинации на облека, погледнете ги фотографиите од Инстаграм што следуваат.





